Пејачката, позната по разголените изданија, облече провокативна долна облека, а се шпекулира дека се верила (ФОТО)

11 октомври, 2020
Screenshot_1

Рита Ора обожава да се фотографира во разголени изданија, а сега ги воодушеви обожавателите со провокативни фотографии во долна облека.

Пејачката Рита Ора позираше во провокативна црна долна облека и ги почести фановите на Инстаграм со секси фотографии за крајот на работната недела.

“Се чувствувам гламурозно после работа. Среќен ви петок”, напиша Ора во описот на фотографиите, собирајќи бројни комплименти на сметка на нејзиниот изглед. „Само ќе кажам: Wow“, „Прекрасна си“, „Останавме без зборови“, „ совршена си “, се само некои од коментарите на нејзините воодушевени обожаватели.

Рита го нагласи примамливото деколте со црн корсет, а целиот стајлинг го заврши со ѓердани и нараквици.

Популарната пејачка неодамна започна гласини дека се верила со своето момче Ромен Гаврас. Таа беше фотографирана во лондонски ресторан, а судејќи според изјавите на гостите таму, се пофали со голем прстен. Сепак, нејзините пријатели подоцна истакнаа дека пејачката едноставно го купила прстенот затоа што ѝ се допаѓал, а тие не откриваат дали е навистина свршена.

Ова лето, Рита уживаше во најпопуларните европски дестинации за одмор со своето момче и пријателите, а тие ги посетија Грција и Шпанија. Рита Ора и 10-годишниот режисер Ромен се заедно неколку месеци и нивната врска е сериозна, пренесуваат странските медиуми.

escort - Korsan taksi