„People’s Choice“ награди: Џенифер Лопез икона за 2020 година

16 ноември, 2020
jlo

Синоќа се одржа 46-та церемонија на доделувањето на People’s Choice наградите. Публиката ја изгласа пејачката и актерка Џенифер Лопез на онлајн гласање за иконата за 2020 година.

Како и музичките награди „ MTV Europe Music Awards “, така и наградите „People’sChoice“ се одржаа пред виртуелна публика во Калифорнија.

Актерката Треси Елис Рос ја доби наградата за модна икона и ги повика гледачите да останат политички активни во нејзиниот говор.

Лопез одржа емотивен говор за време на доделувањето на наградата Народна икона, и во еден момент заплака. Таа рече дека нејзините соништа да биде sвезда нервирале некои луѓе околу неа.

„Како Латино-Американка и како жена, на моменти мора да работиме двојно повеќе за да добиеме шанса“, рече Лопез.

Џастин Бибер и Лејди Гага имаа по седум номинации.

Водителката на ток-шоуто Елен Деџенерис им се заблагодари на обожавателите што биле со неа по обвинувањата за непријателско работно опкружување на снимањето на „Ellen DeGeneres Show“.