Пинк: борбата со Ковид-19 за мене и мојот син беше многу исцрпувачка!

12 мај, 20200
пинк

Пинк на 3 април ја информираше јавноста дека таа и синот се позитивни на коронавирус. Во емисијата на Елен Де Џенерис таа зборувала за симптомите на синот и ги опишала како најстрашната работа која ја преживеала. Таа потоа отворено го опишала искуството со борбата со болеста и истовремената грижа за синот.

– Борбата против Ковид-19 заедно со мојот тригодишен син беше физички и емоционално најпредизвикувачко искуство кое го доживеав како мајка. Неколку недели откако ги добивме резултатите од тестовите синот се чувствуваше уште лошо и имаше температура. Беше навистина страшно да не знаеш што е следно и што те чека. .

Но нашата приказна не е единствена. Постојат мајки од целиот свет кои се соочуваат со истата несигурност.

Таа исто така објавила дека ќе донира милион долари во фондови за борба против коронавирусот и ги повикала и останатите да донираат.

– Овој ден на мајките, додека ги гушкате вашите деца, ве поттикнувам да размислите за сите мајки на светот на кои им е потребна нашата помош. Знам дека правите сè за да ги заштитите вашите деца, но да направиме секоја мајка да има еднакви можности да ги заштити нејзините деца- рекла таа.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi