Пинк повторно исплашена за својот син

26 мај, 20200
BeFunky-collage-11-640x376

Пеачката Пинк со недели се плашела за животот на нејзиниот тригодишен син Џејмисон кој развил тешки симптоми откако се заразил со корана вирус. Само што успеал да се опорави од вирусот, 40 годишната пеачка повторно се плаши за него бидејќи развил алергија на харана. Својата загриженост ја сподеделила со пријатели на Instagram преку видео рецепта која ја подготвувала за својата фамилија, веганска, безглутенска пита од цреши без јајца. Покрај видеото напишала:

„Мојот драг Џамо има прилично јака алергија на храна. А тоа го дознавме преку крвните тестови кои ги правевме заради корона вирусот. Алергичен е на пченица, млечни производи и јајца.“

Пинк која заедно со својот сопруг 44 годиниот Кери Харт имаа и осумгодишна ќерка Вилоу, при гостувањето во една од емисиите на Елен Дегенрис во солзи признала дека се плаши за животот на својот син поради неговата влошена состојба, потешкотии во дишењето и константна висока температура.

„Една вечер се разбудив и неможев да дишам. Морав да ја користал прскалката за да полесно го земам лекот. Не сум го користела 30 години и тоа многу ме исплаши.“

Откако се појавиле првите симптоми на вирусот кај неа набрзо истите се појави и кај нејзиниот син. Во тој момент не знаела што да прави и почнало да ја фака паника.

„Размислував да отидам во болница, но во истиот момент не знаев што да направам. Единственото во што бев сигурна е дека тој момент беше најстрашното искуство кое сум го доживеала во мојот живот“ – раскажувала во солзи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *