По долгата борба за потомство, ангелот на Victoria’s Secret конечно ќе стане мајка!

31 мај, 2020
Romee-strijd-1

Еден од најплатените топ модели, Romee Strijd, со години водеше борба за потомство, иако ретко споделуваше детали во врска со тоа.  

Најголемата желба на манекенката, да се оствари во улогата на мајка, сепак станува реалност. Овие радосни вести, Romee ги сподели на својот Инстаграм профил:

  • Ќе имаме бебе! Пред две години ми беше дијагностициран синдром на полицистични јајници, откако пред седум години го изгубив менструалниот циклус. Ваквото сознание за мене беше поразувачко, бидејќи мојата најголема желба е да станам мајка. Бев многу исплашена дека мојот сон нема никогаш да се оствари, затоа што ми соопштија дека поради ваквата дијагноза, да забременам по природен пат, ќе биде многу потешко. Истражувајќи дознав дека јас всушност, немам типичен синдром на полицстични јајници, туку дека мојот е предизвикан поради начинот на живот којшто го водам. Организмот ми беше константно под стрес. – напиша Romee  под фотографијата којашто ја сподели со своите следбеници.  
View this post on Instagram

WE’RE HAVING A BABY 💗 2 years ago I got diagnosed with PCOS after not getting my period for 7 years. I was devastated because being a mom and starting a family with @laurensvleeuwen is my biggest dream.. I was so scared that I would never be able to because I got told it was harder to get babies in a natural way.. I started to research PCOS and came to the conclusion that mine was not the typical pcos.. Mine was because of my body being in fight or flight mode.. which means my body was under constant stress. I never felt mentally super stressed so it was hard te understand this, but my life consisted of travelling all the time (no biorhythm), working out every day, eating super clean (restricting foods). I think I pressured my body to much, and honestly every body is so different but I think my weight was not good for my body to function properly and couldn’t handle the constant traveling. This was the point where I started to research natural healing for PCOS and came to the conclusion that I should do way less high intensity training, don’t restrict foods, be nice to myself, and take breaks when needed. I also tried some natural supplements, acupuncture and we got a place back in the Netherlands as well, so we could spend more time with Family (since im such a family person). I’m so happy and grateful to say that I got my period back last november AND that WE’RE SOON A FAMILY OF THREE ❤ ❤❤❤ & to the women trying to conceive, believe in yourself and be nice for yourself and your body and don’t let those thoughts get to you to much 😚

A post shared by Romee Strijd (@romeestrijd) on

Таа истакна дека после седум години успеала да го регулира својот менструален циклус, со што добила можност да забремени по природен пат.