По Одри Хепбрн – Лејди Гага: Сите полудеа по него и го привлече вниманието на целата јавност

31 мај, 20200
3003058-717x478

Лејди Гага  за време на своето виртуелно гостување во емисијата “The Graham Norton Show”, сподели една интересна случка, којашто се случила по доделувањето на Оскарите, кадешто нејзиниот врат го красеше Tiffany дијамантското ланче.

  • Не знаев што ќе биде таа вечер, едноставно само бев среќна што сум таму. Јас и сестра ми поминавме позади сцената и никому не јавив дека си заминувам, а на себе се уште го имав дијамантското ланче. – раскажува таа.

Лејди Гага таа вечер доби награда за најдобра оригинална песна за филмот “Shallow.”

  • Сите полудеа затоа што се уште го носев ланчето. Кога стигнав до куќата на Мадона, обезбедувањето ме гледаше многу чудно. Кога стигнавме пред Taco Bell, автомобилот ми беше запрен, а чуварите на “Tiffany” пристојно ми го тргнаа ланчето од вратот. – додаде пејачката.

Пред Лејди Гага, ова парче накит го носела единствено Одри Хепбрн, а воедно е и најскапиот одбран накит за прошетка по црвениот килим.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *