По скандалите, се најде во необична улога, но за малку ќе ја изгубеше затоа што претера со благото
Мел Гибсон го игра „Дедо Мраз“ во црната комедија „Fatman“ па премногу сериозно ја сфати задачата да се здебели.
64-годишниот Мел Гибсон се врати во актерството откако долго време го немавме видено во филм, а тој се посвети доста на својата нова улога.
Имено, Мел го игра ликот на Дедо Мраз во црната комедија „Fatman“ поради која мораше да се здебели и да добие позаоблено стомаче. Но, Гибсон претера со задачата, па редителите Ешом и Јан Нелмс го предупредија дека е доволно и му забрануваат да јаде слатки и сладолед.
“Јас сум прилично свиња. Ги прашав среќно дали мојата нова улога значи можност да консумирам повеќе слатки и тие ми рекоа дека играњето дебел дедо не е причина да ми го уништи здравјето”, изјави Мел за „The Sun” дека е малку непослушен со нездравиот живот.
Инаку, Гибсон е во врска со сценаристката Розалинд Рос (30), со која го има синот Ларс Џерард (3). Мел и Розалинд се заедно од 2014 година. Се запознаа кога таа започна да работи за неговата продуцентска куќа Icon и наскоро се вљубија.
Актерот еднаш шокираше со своето однесување кое ја засени неговата актерска и режисерска кариера во која освои два Оскари.
Полицијата го уапсила Мел во 2006 година под сомнение дека возел под дејство на алкохол. Актерот започна да ги навредува полицајците на расна и религиозна основа. „Евреите се одговорни за сите војни во Светот“, рече тој. Покрај тоа, во 2011 година протече видео во кое тој ја тепа својата тогашна сопруга Оксана Григориева и ѝ рече: „Е*ено го заслужуваш тоа“.