Почина Берта од серијата „Два и пол мажи“

14 октомври, 2020
121624241_356746855402471_2148370220158364481_n

Тажна вест

Многу обожаватели на хит серијата „Два и пол мажи“ ги растажи веста за смртта на популарната актерка Кончата Ферел, која се прослави како симпатична куќна помошничка Берта. Актерката почина на 78-годишна возраст, неколку месеци по срцевиот удар, пренесува Мирор.

Според споменатите медиуми, актерката починала во понеделникот, на 12 октомври, а како причина се наведуваат срцеви причини. Кончата почина во болница во Калифорнија, опкружена со нејзините најблиски, се вели во соопштението. Имено, откако заврши во болница поради инфекција на бубрезите во декември минатата година, актерката неодамна доживеа срцев удар, што дополнително ѝ го влоши здравјето и во јули беше на апарати за дишење.

„Моментално е на респиратор и дијализа. Иако нејзината состојба е стабилна, таа е полусвесна и не може да комуницира. Јас често разговарам со нејзината медицинска сестра по телефон, но не можам да ја посетам поради строгите правила што ги воведоа болниците за да спречат ширење на инфекција со коронавирус “, откри тогаш нејзиниот сопруг Арни Андерсон.

Инаку, актерката двапати беше номинирана за Еми за улогата на симпатичната Берта. Таа играше како слугинката на Чарли Шин од 2003 година, а до 2015 година се појави во 212 епизоди. Актерката и нејзиниот сопруг се во брак од 1980 година, а имаат едно дете, ќерката Саманта Андерсон.

escort - Korsan taksi