Почина мајката на легендарните „Роки“ и „Рамбо“

22 септември, 2020
download

Џеки Сталоне, мајката на холивудскиот актер Силвестер Сталоне (74) почина на 99-годишна возраст.

“Таа беше извонредна жена, вежбаше секој ден, беше полна со храброст и бестрашност. Умре во сон како што посака. Тешко беше да не ја сакаш, таа беше многу ексцентрична и прекрасна личност. Преживеа прохибиција, Голема депресија и Втората светска војна. Со неа ќе разговарав со часови за нејзините дваесетти, триесетти и четириесетти. Тоа беше лекција по историја. Умот и беше остар како жилет сè до денот кога почина”, стои во статусот објавен на Фејсбук од Франк Сталоне.

This morning my brothers and I lost our mother Jackie Stallone . She was the mother to four children, Tommy, Sylvester,…

Gepostet von Frank Stallone Official am Montag, 21. September 2020

Заедно со, повеќето од најпознатите, Силвестер, Џеки го остави зад себе нејзиниот сопруг Стивен Маркус со кого помина повеќе од 20 години и синот Френк (70) и многу внуци.

Таа ги доби Силвестер и неговиот брат со нејзиниот покоен сопруг Френк Сталоне. Џеки имаше и ќерка, актерката Тони Д’Алто, која ја доби со поранешниот сопруг Ентони Филити. Тони почина на 48-годишна возраст откако страдаше од рак на дојка.