Почина основачот на легендарната група Крафтверк!

7 мај, 20200
флоријан

Ко-основачот на Крафтверк, Флоријан Шнајдер почина на 73 годишна возраст.

Шнајдер е еден од основачите на најпознатиот германски електронски бенд, кој заедно со Ралф Рутер го основал во 1970 година. Во кариерата од четири децении, тие имаат издадено дест албуми.

Шнајдер починал по кратката борба со канцерот.

Крафтверк кој започнал како еден вид на експеримент, стана една од најпознатите групи на светот која ја популаризираше електронската музика како правец.

Шнајдер бил дел од Крафтверк сè до 2008 година.

Малкумина знаат дека песната на Дејвид Боуви, “V-2 Schneider”, која се наоѓа на неговиот албум Heroes од 1977 година, е крстена токму во чест на мултиинструменталистот Шнајдер, кој знаел да свири на флејта, гитара, саксофон и синтисајзер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *