Почна како порно филм, заврши како крими драма: актерките измамени!

11 мај, 20200
порн

GIRLS DO PORN е продукција од Сан Диего чија работа е да бара девојки кои се подготвени да имаат секс пред камери. Но кон крајот на минатата година компанијата се нашла среде скандал, во кој сопствениците се обвинети за трговија со жени.

Тоа дошло како резултат на долгогодишниот спор на 22 поранешни жртви кои ја тужат компанијата за лажење околу начинот на емитување на снимените видеа. Жртвите го добиле спорот, а сопствениците треба да им исплатат дополнителни 13 милиони долари.

Врв на сантата

Но, ова е само врв на сантата, додека под површината има и други работи. Во документ кој излегол во јавноста се тврди дека сопствениците планирале да избегаат од државата за да го избегнат апсењето, за да затајат стотици илјади долари, да ги прошират лажните видео снимки и да ги посрамотат жените.

Еден од главните автори и снимател Метју Волф е уапсен, но тој побарал да биде ослободен со кауција заради здравствени проблеми и страв од коронавирус. Судот не го прифатил неговото барање.

Вознемирување

Главниот адвокат кој ги застапува девојките изјавил дека ваквото откритие нималку не го изненадува бидејќи сопствениците на компанијата веќе три години го вознамируваат. Неговото лице било измонтирано во геј порно филм, наколку пати му ги уништувале гумите на автомобилот…

Мали шанси за пуштање на слобода

Вереницата на обвинетиот Волф само една недела по неговото приведување на сметката на своите деца уплатила изноз од 250 илјади долари.

Дали Волф ќе биде пуштен од притвор зависи од судијата, но со оглед на целата документација и останати околности, шансите се многу мали. Стравот од коронавирусот нема да му помогне бидејќи неговата медицинска состојба не го става во категорија на ризично болни граѓани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi