Погледнете го нереалниот стан на Џиџи Хадид во центарот на Њујорк- ќе ве остави без здив!

5 август, 20200
џиџи

Супермоделот Џиџи Хадид (25) на својот Инстаграм профил покажала како изгледа нејзиниот реновиран стан во Њујорк, кој се разликува многу од домовите на другите славни манекенки и холивудски ѕвезди.

Таа објавила неколку фотографии на кои се гледа ентериерот и специфичниот мебел, па изјавила:

  • Минатата година го дизајнирав мојот страсен проект- дом од соништата. Секако, сето тоа се случи пред затворање на градот. Возбудена сум заради времето кое ќе го поминувам уживајќи во сите посебни агли од својот дом кои се направени од еден од моите омилени креативци- рекла таа.

Потоа додала дека се работи за архитектот-специјалист Гордон Кан кој го реновирал и станот на нејзината мајка Јоланда Хадид.

Дневниот престој е украсен со портокалови детали, а целиот стан има цветни и шарени аранжмани. Исто така има доста антиквитети и интересни мозаици, а секаде доминира портокаловата боја која се провлекува низ мебелот, ѕидовите и под скалите. Манекенката дефинитивно има различен вкус од многу манекенки, а обожавателите биле воодушевени од нејзиниот стил.

Џиџи моментално го чека нејзиното прво дете со Зејн малик (27), поранешен член на тинејџерскиот бенд “One Direction”, кој се распадна во 2015 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *