Погледнете во раскошната вила на Роналдо и Џорџина во која веќе завладеа празнична атмосфера

12 декември, 2020
collage-42

Пред две години, Кристијано Роналдо се пресели со своето семејство во италијанскиот град Торино, каде игра како напаѓач за фудбалскиот клуб Јувентус. Еден од најуспешните спортисти во светот не штедеше кога станува збор за опремување и украсување на семејниот дом, а неговата свршеница Џорџина Родригез сега откри парче од ентериерот на луксузната вила и ги импресионираше обожавателите ширум светот

Откако неодамна покажа голем двоен кревет што го дели со свршеникот Кристијано Роналдо, атрактивната Џорџина Родригез реши да внесе празнична магија во нејзиниот раскошен италијански дом и гордо се пофали со резултатот на Instagram Story.

Во собата доминираат светлосни тонови и голем мебел, како што е бесконечно долга софа на која децата на ценетиот фудбалер претпочитаат да играат заедно. Персонализираните перници со иницијали ‘C и G’, кои внесоа посебен шарм во дневната соба на славната двојка, не поминаа незабележани. Џорџина ја украси трпезаријата со големи светлечки фигури од ирваси, мечки и Божиќни подароци што ги постави на прозорецот покрај масивната маса од бел мермер.