Покриена со само неколку маргаритки: Софија Вергара избезумува со голата фотографија која не ѝ остава многу на фантазијата

13 ноември, 2020
1346176

Латино заводничката Софија Вергара е позната по своите неверојатни облини. Поради нејзиниот хармоничен физички изглед и атрибути, таа се проби во Холивуд и стана една од најплатените актерки на денешницата. Иако денес ретко ја гледаме во голи изданија, постојат стари фотографии кои ја скокоткаат фантазијата на обожавателите

„Мајами 90-ти“, порача Софија Вергара под друга нејзина стара фотографија што ја споделува на својот Instagram профил во последно време.

Згодната Колумбијка едноставно не може да се засити од сеќавањата од почетокот на нејзината кариера, а се чини дека многу фанови се желни за тоа.

Атрактивната Софија позира во проѕирен костим за капење на фотографија стара повеќе од 30 години, додека на стратешките делови се зашиени само неколку цветови маргаритка.

Заради снимање, Вергара застана под млаз вода и дополнително ја зачини оваа фотографија, а фановите ѝ пишуваат дека е неверојатно секси.