Полската манекенка која го заведе Бред Пит се огласи после долго време!

29 декември, 2020


Атрактивната полска манекенка Никол Потуралски, која успеа да ја освои наклонетоста на Бред Пит, и се обрати на својата армија фанови на Инстаграм со значајна порака во годината на заминување

‘Едно треба да се запомни, сè се враќа сè се плаќа. Затоа секогаш ќе одберам љубов наместо омраза, радост наместо тага и поддршка наместо љубомора ’, ни напиша полскиот модел Никол Потуралски на својот Инстаграм профил под своја фотографија, на која неодоливо потсетува на својата руска колешка Ирина Шајк.

Потуралски го обезбеди вниманието на светската јавност со кратка врска со оскаровецот Бред Пит. За нивната врска започна да се пишува во август годинава кога 56-годишниот актер беше виден во нејзино друштво во неговиот француски замок, што го споделува со неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли.

Иако нивната врска заврши на крајот на октомври и таа се врати кај нејзиниот сопруг, со кого има седумгодишен син и негува „отворен“ брак, на полската убавица оттогаш „и тргна“ во светот на модата.

escort - Korsan taksi