Поминаа 20 години откако Кијану Ривс ги погреба единствената љубов и единственото дете..

14 октомври, 2020
153499_profimedia0314144842_ls


Кијану Ривс може да каже дека неговиот живот бил сè, но не и лесен. Целиот свет знае за трагедиите што му се случија – смртта на дете веднаш по раѓањето и кобната сообраќајна несреќа што ја доживеа Џенифер Симе, неговата прва голема љубов, две години откако го загубија бебето. Од тогаш поминаа 20 години, од кои повеќето Кијану ги помина сам. Иако помина многу време, актерот признава дека болката никогаш не исчезнала, но со текот на времето научил како да живее со неа, како и да се запраша денес како би изгледал неговиот живот ако Џенифер и бебето биле живи. Како би изгледале … Што би правеле заедно … “Кога луѓето што ги сакате заминуваат засекогаш, вие останувате сами. Ми недостасува да бидат дел од мојот живот и да бидам дел од нивниот. Ми недостасува она што никогаш нема да се случи … Она што би можеле да го направиме заедно”, изјави Кијану за едно интервју.