Помирувањето е дефинитивно: Ким Кардашијан и Канје Вест се бакнаа и го споделија моментот со целиот свет

20 август, 2020
Annotation 2020-08-20 152048


Раперот го објави овој емотивен момент на социјалните мрежи

Во последниот месец, односот помеѓу Канје Вест и Ким Кардашијан беше бурен. Имаше и карање на социјалните мрежи.
Имено, во своите објави на Твитер, Канје тврдеше дека Ким се обидела да го сместии во лудница, дури и дека се обидел да се разведе од неа. Подоцна, Кардашијан објави дека нејзиниот сопруг е болен, без да се спомене разводот.
– Животот со биполарно растројство не го спречи да ги оствари своите соништа и креативни идеи, без разлика колку се чинеа големи. Тоа е дел од неговиот генијален ум … – изјави Ким во своето обраќање на социјалните мрежи.
Се започна кога Канје одлучи да се кандидира на американските претседателски избори, а наводно на Ким тоа не и се допаднало.
Во меѓувреме, Вест и Кардашијан се смирија, а падна и првиот јавен бакнеж.