Поп-принцезата предизвика загриженост co најновата фотографија, а некои имаат невообичаено објаснување

29 јули, 20200
Annotation 2020-07-29 160619

Бритни Спирс позираше во бикини и го покажа своето тело покриено во тетоважи од кна, а фановите тврдат дека таа не ја споделил објавата на Инстаграм сама.

Пејачката Бритни Спирс (38) честопати се занесува, а потоа не се срами да ги сподели своите необични моменти со фановите.

“Па, се занесов со кната. Мислам дека на втората фотографија сакав боемски изглед … Не сум сигурна зошто рацете ми се на колковите. Мислам дека сакам внимание”, истакна Бритни на Инстаграм во понеделникот.

Имено, пејачката се тетовирала по целото тело со мешавина направена од растението хена, а цртежите што се нанесуваат на кожата траат од седум до петнаесет дена, во зависност од тоа колку контакт имате со вода.

https://www.instagram.com/p/CDKdWkVAi6S/?utm_source=ig_embed

Фановите се шегуваа со Спирс и ја нарекоа кралица на кнната додека некои беа загрижени. „Што сакаше да ни каже со овие знаци? Сакаме да знаеш дека се грижиме за тебе“, „Штоти направија?“, „Дали некои вистински sвезди ќе коментираат за ова? Некои официјални холивудски пријатели “, „Очигледно е дека таа не го напишала овој опис на фотографијата “,” Што е со тој завој на зглобот што го носи на една слика? Дали е тоа вниманието за кое зборува? “,” Овој опис се чини лажен, како да некој друг го напишал “, коментираа нејзините следбеници.

Патем, Бритни исто така ја загрижи јавноста во крајот на април. Пејачката остави запалени свеќи во теретана и се запали, а за тоа зборуваше на Инстаграм.

“Беше несреќен случај, но да, ја запалив теретаната. Отидов покрај вратата на теретаната и ги видов пламените. По Божја благодат алармот наскоро се изгаси и никој не беше повреден. За жал, сега имам само две парчиња опрема и еднострано огледало. Но, можеше да биде полошо, па јас сум благодарна. Претпочитам да вежбам надвор како и да е “, објасни Спирс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *