Популарни двојки кои станаа (ќе станат) родители во 2020!

7 мај, 20200
селебретис

Секоја година се зголемуваат Холивудските семејства. Интересно е да се следи како познатите ѕвезди возбудено раскажуваат за приновата која ја очекуваат, а доаѓањето на свет на популарните бебиња секогаш предизвикува интерес во јавноста.

Иако скоро сите ѕвезди се скромни во објавите за приновите (освен кај Ким Кардашијан од која светот постојано добиваше информации), сепак се појавуваат повремени фотографии од мешињата и бебињата на ѕвездите.

Оваа година Камерон Дијаз и Бенџи Маден станаа родители на нивната ќерка Радикс Маден, а раѓањето на бебето го објавија на 3 јануари.

Кои други ѕвезди добија или очекуваат принова оваа година?

Елон Маск и Грајмс

Елон Маск и неговата девојка Грајмс го добија нивното прво дете, момче кое го крстија X Æ A-12. Гордиот татко веста за раѓањето на синот ја објави на својот Твитер профил.

Ричард Гир и Александра Силва

Ричард Гир (70) и неговата сопруга Александра Силва (37) ја добија втората ќерка. Првата ја добија во февруари 2019 година.

Џошуа Џексон и Џоди Тарнер Смит

Двојката го доби своето прво заедничко дете.

Квентин Тарантино и Даниела Пик

Квентин Тарантино со сопругата Даниела Пик се земаа во ноември 2018 година, а оваа година за прв пат станаа родители.

Елајџа Вуд и Мет Мери Конгсвед

Откако се раширија гласини за бременоста на Мет Мери во Јули 2019 година, Вуд изјавил дека тој и неговата сопруга дознале за бременоста на Божик. Тие го добија своето прво заедничко дете.

Крис Нот и Тара Вилсон

Пред неколку денови Крис Нот објавил дека тој и неговата сопруга, актерката Тара Вилсон, станале родители по втор пат. Тие заедно го имаат и 12 годишниот син Орион Кристофер.

Мила Јововиќ и Пол Андерсон

На 2 февруари ќерката на Мила Јововиќ, Евер Габо, постирала фотографија од Мила со новороденчето Оушн, останатите две деца и сопругот Пол Андерсон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *