Поради мајка си принцовите ги надминале своите проблеми, Принц Вилијам открива дека ја закопале воена секира со Хари

17 мај, 20200
princevi

После проблемите во минатото се чини дека карантинот влијаел на односот на познатите браќа. Вилијам и Хари со месеци се борат против гласините дека нивниот однос е сериозно разнишан. Откако ја напушти кралската фамилија Хари зборувал за нивната врска за време на интервјуто за документарецот „Хари и Меган: Африканско патување“ при што изјавил: „Ние сме браќа и секогаш ќе бидеме тоа. Моментално сме на различни страни но јас секогаш ќе бидат тука за него, а знам дека истото го чувствува и тој. Не се гледаме толку често како порано, но јас го сакам. Треба да знаеме дека сите со браќата имаат добри и лоши денови“.

Откако со месеци беа одвоени илјадници километри, славните браќа повторно се појавија заедно во јавноста. Вилијам напиша отворено писмо за фондацијата која го носи името на нивната покојна мајка. Ова емотивно писмо открива дека браќата се здружени кога се работи за нештата кои им значат.

ITV по повод 20 годишнината од смртта на нивната мајка, Принцезата Дијана, снимија интимен документарец во кој учествуваа Вилијам и Хари и открија неколку интересни детали за нивната мајка. Тие во имминативе 20 години избегнувале да разговараат за губитокот на својата мајка кој го претрпеле и како таа ссе обидувала да им овозможи што „понормално“ детство.

„Беше многу лесно да го избегнуваме тој факт цело време, Долго време не разговаравме за тоа барем не доволно“ – изјавил Вилијам на што се согласил и Хари: „Секогаш мислев дека нема зашто да се сеќавам на минатото особено кога тоа носеше тажни и тешки емоции, и можеше да не доведе до ситуација на депресија. Не можевме ништо да смениме ниту пак да ја вратиме. Вилијам секогаш ми велеше дека че дојде време кога ќе треба да се соочиме со вистината.“

Нивниот однос секогаш бил посебен на што се надоврзува и начинот како Вилијам му честитал на Хари кога станал татко минатата година:

„Мило ми е што можам да му посакам добредојде на Хари во друштвото на неисправните“ – со голема насмевка му порачал Вилијам ставајќи му до знаење дека и покрај сите препреки нивниот однос секогаш ќе е нераскинлив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi