Поради него ги остави сопругот и трите деца, а сега на своето тело го врежа и неговото име

25 ноември, 2020
megan-fox-830x0

За тетоважата се верува дека пишува „ El pistolero “ што е прекар на нејзиното ново момче на шпански јазик

Американската актерка Меган Фокс (34) неодамна се појави на „American Music Awards“ со своето ново момче Машин Ган Кели (30) и ова е првпат да се појават заедно на јавен настан, а по тој повод убавата актерка ја заинтригира публиката со својата нова тетоважа

Имено, Меган во неделата вечер покажа нова тетоважа на доделувањето на музичките награди, посветена на нејзиниот нов партнер, во кого е многу заљубена.

Актерката дебитираше на црвениот тепих со 30-годишниот музичар на церемонијата што се одржа во „Microsoft Theater“ во Лос Анџелес, а по тој повод ja истакна новата тетоважа на клучната коска.

Се верува дека на тетоважата пишува „El pistolero“, што е прекар на нејзиното момче на шпански јазик.

– Конечно ја гледаме нејзината тетоважа одблизу и пишува „El pistolero“, што е шпански термин за стрелач со оружје или прекарот на Кели – напиша еден обожавател на Tviter.

Двојката претходно навестуваше во новиот албум на Кели „Tickets to My Downfall“ дека имаат истетовирано работи посветени еден на друг.

Во една од неговите песни, Меган се слуша како ги изговара овие зборови:

– Te запознав пред само 4 месеци. Штотуку ги истетовирав моите иницијали на себе, а јас сум твојот прекар на себе – гласеше текстот на песната.

Машин, чие вистинско име е Колсон Бејкер, е целосно покриен со тетоважи, па тетоважата посветена на sвездата на „Transformerѕ“ сè уште не е забележана.

Покрај оваа тетоважа, Меган има и други цртежи на своето тело. Една тетоважа е посветена на нејзиниот поранешен сопруг Брајан Остин Грин, со кого има три деца и од кој се уште не е разведена законски, друга на која пишува популарен цитат на Шекспир, а третата на која е симболот на јин-јанг.

escort - Korsan taksi