Поранешната Мис на свет пресреќна: „Време е за прослава“

24 јули, 20200
ddfdfdfd


Индиската актерка и поранешна „Мис на светот 2000“, 38-годишната Пријанка Чопра најде причина да слави, и покрај неодамнешните написи за тоа како не се одвива добро брачниот живот со музичарот Ник Џонас. Судејќи според минатата недела, таа е посреќна од кога и да било. Таа го прослави 38-от роденден, ја прослави својата втора годишнина со сопругот, но исто така ја одбележа и специјалната 20-годишна кариера во индустријата за забава. Затоа одлучи да сними специјално видео што подоцна го објави на Инстаграм.

„Време е да славиме … во 2020 година навршуваат 20 години од мојата работа во индустријата за забава. Што?! Како се случи тоа? Сите сте биле со мене за време на ова патување и вашата лојалност и поддршка значи сè за мене. Придружете ми се, додека минувам низ сеќавањата на ова патување и славам “, напиша возбудена и горда Пријанка со споменатото видео.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi