Поранешниот човечки Кен ги покажа облините во костим за капење!

5 август, 20200
барби

Бразилецот Родриго Алвес (37) се прослави како “човечкиот Кен”. Во една прилика признал дека е одлично платен само за да биде во таа улога. Заради тоа поминал низ бројни операции. Но, не бил среќен. Желбата му била да стане жена, што му се остварила. Со операциите отишол до таму што станал Барби. Неодамна го променил и името во Џесика.

Горд е на својот сегашен изглед, па неретко на социјалните мрежи објавува фотографии и ги покажува облините. Обично облекува тесни фустани со длабоко деколте. Сега изненадил со фотографија во костим за капење. Облекол едноделен костим кои му ги истакнал градите.

– Топло ми е на овие 40 степени- напишал кратко во описот на фотографијата. Тој моментално се наоѓа во Шпанија каде ги користи топлите летни денови.  

Неговите пријатели во коментари му го пофалиле изгледот, а се нашле и такви кои го бранеле од злите јазици.

Алвес има уште една неостварена желба. Сака да има дете и да се реализира како мајка.

– Се развив како личност и човечко суштество. Роден сум како трансродова жена. Отсекогаш знаев дека сум жена, играв со кукли и бев во контакт со мојата женска страна. Потребно е да се сакате себе. Сега сакам да имам дете и да бидам со некој кој ме прифаќа таков каков што сум.

Се обидел да се снајде во машко тело и да биде маж, но тоа го правело многу несреќен и депресивен. Бразилецот имал повеќе од 70 пластични операции, но не ја крие среќата што најпосле си го исполнил сонот и станал жена.

– Ми требаат уште две или три операции за да ја завршам трансформацијата. Потоа се колнам дека ќе престанам со пластичните операции- одлучен е Алвес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi