Поранешниот сопруг на Меган Маркл ќе стане татко!

1 мај, 2020
маж

Поранешниот маж на Меган Маркл, Тревор Енгелсон, не ја крие радоста за бременоста на неговата избраничка, нутриционистката Трејси Карленд. Тие за прв пат ќе станат родители и тоа на девојче.

“Девојче, едвај чекам да те запознаам во септември”, открил Тревор.

Трејси и Тревор откриле дека се верени неколку недели по венчавката на Меган Маркл и принцот Хари. Во тој момент тие биле заедно половина година. Свадбата била организирана во Калифорнија, во близина на куќата на Ким Кардашијан.

Меган и Тревор се развеле по две години од бракот, а немаат заеднички деца.