Поранешниот сопруг на славната сестра си ја отворил душата за преживеаната трагедија

12 мај, 20200
ламар

Американскиот кошаркар Ламар Одом и бил сопруг на Клои Кардашијан, а пред да станат пар тој преживеал голема трагедија.

Џејден, третото дете кои го добил со поранешната сопруга Лиза Моралес, починало шест месеци по раѓањето. Со Лиза има и ќерка и син.

Едно сабајле сопругата на Ламар влегла во собата на Џејден за да го провери и го видела бебето како лежи, но примтила дека не се помрднало уште од претходната вечер. И паднало малку чудно што бебето спие на стомак, но не мислела дека е нешто важно, па повторно излегла од собата. Но, кога мајка и, која била тука за да и помага околу децата, прашала како е Џејден, таа повторно отишла да го провери.

Лицето на бебето било модро и не дишело. Иако веднаш повикале брза помош, бебето починало од смрт во колевка, чест случај, за кој Ламар до тогаш немал слушнато.

Неколку години подоцна Ламар и Лиза се развеле, а тој ја почнал врската со Клои Кардашијан. Тие се венчале во 2009 година. Заради проблеми со дрога и алкохол Ламар е хоспитализиран во 2015 година, а една година подоцна се разделиле со Клои.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi