После многу години Никол Кидман проговори за бракот со Том Круз: Тој беше совршен…

6 октомври, 2020
1322348


Иако досега не сакаше да зборува за нејзиниот неуспешен брак со холивудската sвезда Том Круз, нешто се смени, бидејќи, очигледно неиспровоцирана, Никол Кидман реши да зборува за нив во последното интервју, за Њујорк Тајмс.

Во интервју за Њујорк Тајмс, 53-годишната Австралијка Никол Кидман призна дека таа и Том Круз во времето кога ја снимале еротската драма на Стенли Кјубрик „Очи широко затворени“, во која глумат брачна двојка која се соочува со неверство, имале идеален брак.

Филмот излезе во 1999 година, а набргу потоа Кидман и Круз поднесоа барање за развод, па многумина заклучија дека токму хитот на Кјубрик им донесе проблеми во бракот. На прашањето дали се чувствува лошо од некои сцени во филмот и дали тоа влијае на нејзиниот однос со нејзиниот тогашен сопруг, Никол Кидман рече: ‘По снимањето на тие сцени, одевме на трки на картинг. Ќе ја изнајмевме целата тркачка патека за себе и ќе се натпреварувавме до 3 часот наутро. Не знам што друго да кажам. Можеби немам можност да погледнам наназад и да ја објаснам нашата врска. Или едноставно не сакам