ПОСТОИ ПРИЧИНА ЗАШТО ГИ СОНУВАТЕ БИВШИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ИЗОЛАЦИЈАТА! Експертите објаснија што се крие позади сето тоа, а вие не сте ЕДИНСТВЕНИ!

3 мај, 20200
Naslovna

Една студија открила дека во споредба со минатата година, луѓето повеќе го барале одговорот на прашањето „зошто секогаш имам чудни соништа“ и „зошто секогаш сонувам лошо“.

Експертите веќе објаснија дека овој феномен воопшто не е невообичаен бидејќи нашиот свет се сврти наопаку во краток рок, што беше шок за многумина – како за умот така и за телото. Нашите соништа толку често рефлектираат проблеми поврзани со пандемијата, но има и некои луѓе што не ги очекувавме таму – како поранешните партнери.

Ако го имате видено вашиот поранешен партнер во соништата во последно време, знајте дека не сте сами. Зошто се случува ова?

Секако, никој не е одговорен, но со оглед на моменталната состојба, со која нашите животи драматично се сменија заради пандемијата, нашите бивши во соништата, метафорички претставуваат недостаток и тага од минатото, убавите времиња што останаа зад нас.

Бившите може да се појават во нашите соништа дури и кога сме во среќна врска и тоа најчесто не значи дека сакаме таа личност да се врати во нашите животи. Се разбира, она што точно го претставува поранешниот во сонот, зависи од самиот сон, затоа што не секој е ист, но тие се пред се и симбол за нешто. На пример, многумина се будат од сонот за поранешен партнер со мислата дека можеби им недостасува. Експертите за соништа велат дека веројатно не ви недостасува вашиот поранешен партнер, тоа е поврзано со вашата личноста какви сте биле кога сте биле со него.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *