Потрагата за исчезнатата актерка продолжува.

13 јули, 20200
fdsefd

Постои сомнеж дека актерката Наја Ривера била онеспособена пред да се удави, јавила полицијата, бидејќи се смета дека актерката е мртва. Наја исчезна во средата откако пловеше со брод со својот четиригодишен син Џоси на езерото Пир, Калифорнија, а во тек е голема потрага. Полицијата не ја исклучува можноста Наја да ја удрила главата пред да падне во езерото. „За жал, сè додека телото не се појави, ние дефинитивно нема да знаеме што всушност се случило со неа, без разлика дали станува збор за медицински проблем или таа имала некоја траума или мозочен удар пред да потоне под водата“, рече Мигел Гонзалез,шериф на округот Вентура. „Како и во секоја истрага, така и тука извршителот ќе ги испита сите теории и ќе направи токсиколошки наоди за да ја утврди точната причина за смртта“, истакна шерифот.


Пребарувањето во северната половина на езерото Пир е комплицирано со многу слаба видливост во водата. “Има многу дрвја и растенија под водата така што телото може да се заглави. Исто така, таквото дно е небезбедно за нуркачи. Потрагата може да трае неколку недели. Но, ако телото е заплеткано, ние можеби нема да го најдеме”, соопшти полицијата

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi