Потресна исповед на сопругата на Вил Смит: „Бев зависна од сексуални играчки“

20 септември, 2020
18958572345f65e66765c40737145529_w640

Џејда Смит се омажи за актерот Вил Смит во 1997 година. Оттогаш, двајцата, барем како што се веруваше до неодамна, беа во хармоничен брак, иако, како и повеќето парови, тие знаеја да имаат свои кавги. Сепак, го шокираа светот со неодамнешното признание дека повремено разменуваат партнери со други парови, но и уживаат во оргии.

Двојката никогаш не криеше дека нивниот брак не е совршен и не ни можеа затоа што постојано беа под лупа на јавноста, бидејќи и двајцата се познати актери. Пред неколку месеци, Џејда потврди дека го изневерила Вил.

Таа неодамна започна реално шоу на Интернет, во кое седи на црвена маса и искрено зборува за сè. Емисијата е соодветно именувана „Разговор на црвена маса“.

Со неа седи нејзината ќерка Вилоу, која секоја недела ги слуша сексуалните искуства на нејзината мајка. Гледачите првично сакале искреност и откривање на семејни тајни, но работите отишле предалеку кога Џејда признала дека имала секс „во тројка“.

“Јас еднаш имав тројка. Бев многу, многу млада, во раните дваесетти”, рече таа.

Во една од претходните епизоди, Џејда откри дека е зависник од порнографија, но и дека нејзината баба ја научила како да мастурбира од својата деветта година.

“Таа сакаше да научам дека задоволството е нешто што доаѓа од мене. Не сакаше да паднам во рацете на еден човек и да мислам дека сѐ доаѓа од него”, објасни Џејда Смит.

Некое време беше опседната и со купување сексуални играчки.

“Почнав да истражувам и станав зависник од играчки. Тогаш открив повеќе оргазми и ги доживував пет пати на ден. Тоа беше време кога апстинирав од мажи. Во еден момент застанав затоа што навистина мислам дека развив зависност”. призна таа.

Не кажа ништо за нејзиниот сопруг Вил, со кој има две деца, синот Џејден и ќерката Вилоу. Тој дознал сè подоцна, но каќал дека тоа не го вознемирува, бидејќи таа беше неговата „кралица“.

escort - Korsan taksi