Потроши вистинско богатство на операции, но нема намера да запре: „Мојата најголема желба е да изгледам како БАРБИКА!“ (ФОТО)

21 декември, 2020
237655_ziva-barbika_ls

Има само 27 години, а веќе неколку пати била подложена на естетски корекции

Чари не беше задоволна од својот изглед, па реши да направи пластична операција со цел да изгледа што повеќе како куклата Барби.

Иако е многу млада, не гледа ништо чудно во тоа што сака да го смени својот изглед и дека поминала низ многу процедури.

Досега, оваа млада мајка извршила бројни хируршки и нехируршки зафати, како: филери за усни, ботокс, филери за образи и брада, како и зголемување на градите. Таа ги истетовирала и усните и веѓите, а проценува дека за сето тоа потрошила 17 000 фунти.

Иако многумина коментираат дека таа успеала само да го уништи лицето, и дека не изгледа како куклата Барби, таа ги игнорира и тврди дека тоа се зборови на љубоморни луѓе.

„Не гледам проблем во пластичната хирургија. Ако не сте задоволни со изгледот, тогаш сменете го. Во секој случај, мојот сопруг Рос плаќа за сето тоа. Му се допаѓа мојот нов изглед”.

“Дефинитивно ми се допаѓа изгледот на куклата Барби и би рекла дека таа е моја инспирација. Ми се допаѓа нејзиниот тесен струк, големи гради, големи усни, долга руса коса и убав тен. Едноставно се чувствувам попривлечно и имам поголема самодоверба”.

„Ставам филери на секои шест до девет месеци и редовно ги избелувам забите кај стоматолог или сама дома“, открива таа.

escort - Korsan taksi