Поубава од Адријана Лима? Еве која е бившата учесничка на Големиот Брат поврзувана со Марко Јариќ!

3 јуни, 2020
ssb

Сања Брновиќ го сврте вниманието на себеси во 2010 година кога учествуваше на ВИП изданието на „Големиот брат“.

View this post on Instagram

😇💋

A post shared by Sanja Brnovic (@brnovicsanja) on

Не победи, но остана тема на разговор долго време потоа, особено заради нејзината убавина. Во тоа време беше во врска со кошаркарот Никола Пековиќ и имаше гласини дури и за нивната свадба, но романсата не траеше долго.

  • „Бевме многу приврзани, дури и набрзо потоа се веривме и затоа ми се чинеше дека нашата врска траеше 7 години, а не 7 месеци. Иако се трудев да одморам од работата, потајно посакував да работам бидејќи не ми беше интересно да седам дома по цел ден без никакви обврски. Но се воздржував, а незадоволството се зголемуваше, и на крај пукна. Заради ова заврши нашата љубов и ние раскинавме. Не сум човек кој пати поради љубов, па веднаш потоа продолжив да работа, а заедничките фотографии ги избришав“ – изјави во тоа време Сања Брновиќ.
View this post on Instagram

🦁

A post shared by Sanja Brnovic (@brnovicsanja) on

Кога е во прашање нејзиниот љубовен живот, се спомнуваат многу познати имиња. Неа ја поврзуваат дури и со фудбалерот Масимо Аброзини, Роналдињо, а постојат гласини дека дури и Лени Кравиц се обидел да ја заведе. Најголемите претпоставки биле во врска со Марко Јариќ, а тоа не ги зачудувало многумина бидејќи нејзината убавина била слична како на Адријана Лима, дури и поубава.

Во времето на тие гласини, Сања и самата се изјаснила:

  • „Кога ќе престанат да зборуваат за мојот љубовен живот? Луѓето кои ме познаваат и не ме познаваат, ќе може ли да престанат да кажуваат приказни за мене дека сум во врска со луѓе кои јас воопшто не ги познавам, како и да ме врзуваат со луѓе со кои само пијам кафе? Навистина е срамота“ – истакнува Брновиќ.