Пожар го „проголта“ имотот на познатата актерка: Нејзиниот брат ја моли државата за помош!

1 декември, 2020
jennifer-lawrence-830x0


Летен камп и куќа на актерката Џенифер Лоренс (30) изгореа во пожар во Кентаки. Имено, огромен пожар го зафати летниот камп што го водеше семејството Лоренс во Кентаки и нејзиниот брат сега бара помош за да го надополнат изгубеното, а штетата е доста голема. Пламенот ја зафати куќата во петокот вечерта, а сето тоа сега е претворено во урнатини и пепел. Кампот наречен „Хи-Хо“ во Симпсонвил служеше како забава што семејството Лоренс им ја организираше на многу деца секое лето, додека куќата и другите простории ги користеа членовите на нејзиното семејство.


За среќа, Блејн откри дека нивното спортско игралиште на отворено, куќа од дрвја, куќи за миленичиња, езерско шеталиште, ливада со стрелаштво, пасишта и отворени патеки за јавање, и други кампови за среќа не биле изгорени. Тој е среќен што не е изгубен ниту еден живот и вети дека ќе го обнови кампот до летото 2021 година, а актерката Џенифер Лоренс досега не зборувала за тоа.