ПОЗНАТ E И ПОЛОТ НА БЕБЕТО на Кејти Холмс:Во тајност посвоила дете?

5 октомври, 20200
Capture
Фотографиите започнаа претпоставки

Откако во Април се пишуваше дека 41-годишната глумица Кејти Холмс е бремена и тоа со  48-годишниот глумец Џастин Тeрoукс, бившиот сопруг на нејзината колешка, Џенифер Анистон, сега ја изненадија јавноста со информацијата дека глумицата сепак се одлучила на позвојување. Како што пишува магазинот ‘Woman’s Day’, Кејти наводно посвоила момче. Овие претпоставки ги поттикнаа фотографиите на кои таа турка количка и ужива со бебето во прошетката во Њу Јорк.  

katie holmes

За споменатиот таблоид, брзо по објавата на спорните фотографии, се јави непознат извор кој тврди дека станува збор за шестмесечно дете. ‘Посвојувањето на дете е на нејзината листа желби откако раскина со Џејми Фокс’, започна споменатиот извор кој тврди како Кејти од секогаш сакала уште едно дете.

Да се потсетиме, всушност заради тоа и го остави поранешниот сопруг Том Круз, кој по 14-годишната Сури не сакаше друго дете. Додека некои се навистина збунети поради споменатите вести, други се уверени дека тоа е дете на нејзината пријателка со која неодамна повторно се сретна по долго време. Инаку пред овие случувања се зборуваше дека Кејти чека дете со Џастин Тероукс.

katie holmes

Наводно, нејзина голема желба е да има уште едно дете, бидејќи е свесна дека ѝ отчукува биолошкиот часовник, а кога виде како Џастин добро се поврза со Сури не се соменваше дека тој е добар татко. ‘Му кажа колку сака да има уште едно бебе пред да биде предоцна за раѓање, а тој ја има истата желба и се сложи што поскоро да направат дете’, кажа тогаш изворот и додаде како 57- годишниот Том поради тоа не е среќен. ‘Круз му кажа на Џастин дека го издал со тоа што се забавувал со неговата бивша, а мислел дека се пријатели. Но Џастин не дозволува тоа да го допре, бидејќи сето свое внимание го посвети на Кејти и Сури и настојувањето што побрзо да го прошири семејството’, откри изворот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi