Познатата актерка најде момче на плажа: „ Не ја ни препозна само и побара услуга“

2 ноември, 2020
image_44


Актерката Ума Турман е повторно заљубена, а на плажа најде ново момче. Според „Пејџ Сикс“, нејзиниот нов избор е архитект Питер Сабет и тие се запознале на плажата во Хамптон, кога тој ја замолил да се грижи за неговото куче додека се капел.

– Ја праша Ума, која токму тогаш се најде во близина, дали ќе се грижи за неговото милениче неколку минути. Питер немаше идеја дека разговара со познатата актерка, која се согласи да му направи услуга. И така, неколку месеци подоцна, тие се лудо заљубени и планираат да живеат заедно. Тие, наводно, веќе ја бараат идеалната куќа за преселување, изјави извор близок на познатата актерка најпозната по улогите во филмовите на Тарантино „Убиј го Бил 1 и 2“.


Зад Ума стојат два неуспешни брака со колеги. Таа беше во брак со Гери Олдман од 1990 до 1992 година. Од седумгодишниот брак со Итан Хоук, ја има ќерката Маја (22) и синот Левон (18). Оттогаш таа двапати беше свршена со финансискиот експерт Арпад Бусон, со кого ја има осумгодишната ќерка Луна.