Познатата манекенка во секси долна облека ги воодушеви обожавателите

25 октомври, 2020
1334666

Бела Хадид на својот Инстаграм објави неколку фотографии во секси долна облека од дизајнерката и пејачка Ријана

Манекенката Бела Хадид не може да престане да ја покажува долната облека на Ријана на својот Инстаграм. Тоа воопшто не нѐ изненадува со оглед на тоа што изгледа многу добро во неа.

Покрај црната долна облека, Бела Хадид има и фризура која потсетува на филмот „Појадок кај Тифани“. Убавата 24-годишна манекенка дефинитивно остава без здив.

Црната долна облека има низа детали од тантела, а Бела Хадид на рацете носеше долги црни ПВЦ нараквици, додека носеше долги црни чизми кои достигнуваа до над колената. Конечно, таа го надополни целиот секси изглед со раскошен накит.

Покрај внимателно нанесената шминка, Бела Хадид имала мало црно срце насликано над десното око.