Познати личности кои минале низ пекол: Биле злоупотребувани, бездомници, на работ на егзистенцијата, а сега се најголемите sвезди

11 јуни, 20200
фдгдд

Многу познати личности кои уживаат голема слава, почит и богатство денес – и се сметаат меѓу најдобрите во својата работа – доживеале траума, злоупотреба, напуштање и претрпеле екстремна сиромаштија пред да станат такви што се денес.

Леонардо ди Каприо

Еден од најпознатите светски актери порасна во екстремна сиромаштија, со неговата мајка која беше германски мигрант и која се бореше да преживее во „ветената земја“. Лео пораснал во област во Лос Анџелес полна со криминал, проституција, дрога и насилство, што тој го нарекува „Скамсвил“. Неговиот успех се должи на неговиот непобитен талент, но и на решеноста на неговата мајка, која го искористила секој слободен момент да го одведе Лео на аудиции меѓу двете работни места на кои работела.

“Пораснав во многу скромни услови и можев да ја видам другата страна на тешкото воспитување. Јас се обидувам да му објаснам на мојот мал внук како проституцијата, криминалот, дрогата и насилството владееле во мојата област … И не сум сигурен дека тој верува во мене”, изјави актерот, а вредноста на неговиот имот надминува 220 милиони долари.

Ники Минаж

Талентираната раперка честопати зборуваше за нејзиното брутално тешко воспитување, откако се пресели од Тринидад во Квинс во Њујорк, кога имаше пет години. Претходно, таа живееше во трошна куќа со повеќе од 20 члена на нејзиното непосредно и пошироко семејство и многу мачки и кучиња. Кога Ники го напуштила семејниот дом, нејзиниот татко, инаку тежок алкохоличар, се напил и ја запалил куќата каде нејзината мајка едвај преживеала.

“Јас ќе клекнав во подножјето на креветот ноќе и ќе се молев дека Бог ќе ми даде богатство за да можам да се грижам за мајка ми”, изјави Ники за списанието “Ролинг Стоунс”. Нејзиното богатство сега се проценува на над 100 милиони американски долари.

Сара Џесика Паркер

Sвездата на серијата Сексот и градот и стилска икона – днес е една од најуспешните актерки во Холивуд, но не било така од секогаш … Таа е родена во Охајо како најмлада од четири деца. Нејзините родители се развеле многу рано, а по разводот, нејзината мајка се премажила за возачот на камион, кој бил надвор од куќата поголемиот дел од времето. Новиот очув имаше свои четири деца, и уште четири внуци, така што приходот за семејство од осум деца беше, да кажам најмалку, предизвик. Откако го открила талентот на нејзината ќерка за глума, мајката ја охрабрувала да оди на часови за глума, а за да го направи тоа чистешла училишта, згради и куќи. Првата улога ја имаше на 11-годишна возраст, а после тоа кариерата зазеде нагорна траекторија. Богатството на Сара Џесика Паркер денес се проценува на над 90 милиони долари.

Џим Кери

Еден факт за овој познат комичар што многумина не го знаат е дека тој никогаш не завршил средно училиште, затоа што неговите родители не можеле да му ги обезбедат основните неопходности за школување. Посебна љубопитност е фактот дека Џим беше одбиен на безброј аудиции пред неговата прва улога. За време на своите тинејџерски години, Кери ја натерал својата мајка да се смее во најтешките моменти, а од тогаш ја сврте страста кон комедија и глума.

Иако од исклучително сиромашно семејство и без формално образование, како и фактот дека неговите први улоги беа неуспешни, тоа не го спречи да остане упорен во реализирање на неговиот сон и да биде најголемата sвезда денес – комичар …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi