Познатиот пејач е првиот маж кој позираше за насловнта страна на Voguea, ТОЈ НОСЕШЕ ФУСТАН!

13 ноември, 2020
с1

ХАРИ СТАЈЛС е првиот маж кој позираше за насловната страница на американскиот Voguea. На насловната страница, музичарот носи фустан со потпис на Гучи, и црно сако наде него.

Во интервјуто за Vogue Styles, тој истакна дека ужива во дотерувањето и модата, додека не дозволува да биде ограничен со стереотипите и поделбата на машка и женска облека.

“Облеката е за забава, експериментирање и играње со неа. Кога ќе заборавите дека постои облека за мажи и облека за жени, кога ќе ги отстраните сите бариери, ќе отворите цела арена каде што можете да играте”, рече тој.

“Понекогаш одам во продавници и гледам женска облека, мислам дека е неверојатна. Секој пат кога ќе поставите некои бариери во вашиот живот, вие само се ограничувате. Има толку многу радост во играта со облека”, додаде тој.

На една од фотографиите, Стајлс носи розево здолниште од тул.

Поранешниот член на One Direction позираше за британското списание Beauty Papers во март, облечен само во мрежести чорапи и мокасини, а фотографиите предизвикаа толку коментари што страницата се блокираше во еден момент, пишува Harper’s Bazaar.

“Драги луѓе, нашата страница, како што знаете, се блокираше поради премногу коментари. Ве молиме, стрпете се… Благодарам”, напишаа од списанието на својот Инстаграм.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi