Познатите пријателки дадоа се од себе да ја разбудат ФАНТАЗИЈАТА на обожавателите!

17 септември, 2020
1

Бела Хадид и Хејли Бибер се главните ѕвезди на новата кампања на брендот Версаче, а овие млади дами ги покажаа своите совршени тела во кратко видео.

Хејли Бибер има полни раце работа во последните месеци, а модната куќа Версаче ја најави и нејзината последна кампања. Сопругата на Џастин Бибер, заедно со нејзината најдобра пријателка Бела Хадид, е главната sвезда на една од најочекуваните кампањи во светот.

Манекенките позираат во костуми за капење, а на видеото кое трае само неколку секунди ги откриваат своите заводливи линии.Тие позираа за новиот парфем „Дилан Тиркиз“ и целата кампања беше снимена во летна атмосфера, покрај море.

Хејли и нејзиниот сопруг пред неколку дена ја прославија втората годишнина од бракот. Стоеа пред олтарот во септември 2018 година во Њујорк, а големата прослава се одржаа на 30 септември истата година во Јужна Каролина.

26-годишниот пејач неодамна на Инстаграм напиша дека ќе даде се од себе да биде најдобриот можен сопруг и иден татко, и призна дека растењето пред рефлекторите му создавало проблеми подоцна во животот. Бибер верува дека неговото надуено его порано ги уништувало неговите односи и се надева дека неговиот брак со Хејли ќе биде во ред.

escort - Korsan taksi