Познатите пријателки нè враќаат во времето на плишани тренерки и почетоците на нивната слава

17 октомври, 2020
1329559

Богатата наследничка на хотелските ланци Хилтон неодамна ја отвори душата во биографскиот документарец „This is Paris“, што го гледаа повеќе од 16 милиони гледачи на Youtube за еден месец. Нејзината пријателка, претприемачката Ким Кардашијан, знаеше како да го искористи тој момент

Ким Кардашијан се подготвува да лансира нова плишана колекција под нејзиниот моден бренд „Skims“, па затоа побара од својата стара пријателка и поранешен шеф Парис Хилтон малку помош за промоцијата.

Облечени во плишани тренерки, како што носеа на почетокот на нивната слава, Ким и Парис направија серија фотографии во „папарацо“ стил, и во модно враќање кон раните 2000-ти, тие ги користеа тогаш популарните мобилни телефони што се преклопуваа и торбите „Louis Vuitton“ со монограмот Miroir Alma.

Познатите пријателики во минатото честопати биле гледани во плишани тренерки на заеднички шопинг или ресторани, за 39-годишната Ким Кардашијан Вест оваа облека никогаш не излегла од мода.

„Култните плишани тренерки се најважната работа во мојата гардероба скоро 20 години“, изјави Ким за Vogue, додавајќи дека нејзините нови варијанти под брендот „Skims“ се совршена мешавина од носталгија од 2000-тите и секојдневна, пријатна облека за секој ден.

Парис Хилтон, која го помина поголемиот дел од годината патувајќи во последните години, заради нејзината деловна империја и диџејски настапи, вели дека во моментов живее во тренерки и вели дека колекцијата Skims на нејзината пријателка е совршена за оние кои сакаат да се чувствуваат пријатно и „жешко“.

Покрај тренерки, новата колекција од плиш нуди и тесни панталони и широки панталони, како и постелнина и палта, сите во неутрална палета на бои, карактеристична за Ким Кардашијан Вест.

escort - Korsan taksi