Пред очите на сите се препушти на страстите со жената која беше со него во најголемата сиромаштија и ги игнорираше неговите афери

20 јули, 20200
Annotation 2020-07-20 171116

Конор МекГрегор и Ди Девлин разменуваа нежности на палубата од јахтата во Франција, каде уживаат на семеен одмор.

Контроверзниот ирски ММА борец Конор МекГрегор пред еден месец ги шокирше своите наниначи објавувајќи ја веста дека се повлекува во мирување, после што се одлучи да се опушти на одмор во друштво на семејството.

Како идеална дестинација 32-годишниот Конор го избра југот на Франција. Таму тотално се опушти, токму како и неговата партнерка Ди Девлин, со која папараците го фатија во момент на разменување страсти на палубата на јахтата со која пловат. Со фотографии од одморот се пофали и на инстаграм, каде со 36,7 милиони следбеници ги сподели моментите од своето уживање.

Парот на одморот ја повел и 3-годишниот син Конор Џуниор и 10-месечната ќерка Кроија.

Инаку, на почетокот на оваа година на интернет се прошири снимка од Конор со непозната девојка во кревет, што само ја засили неговата репутација како голем заводник иако е во брак. Но, судејќи според последните фотографии и профилите на социјалните мрежи, парот е позаљубен од било кога претходно и љубовта им цвета.

Конор и Ди се заедно повеќе од 12 години, а таа беше со него кога му беше најтешко и кога тој беше сиромашно момче желно за успех и слава.

“Живеевме само неколку километри од Даблин како подстанари, а киријата ја плаќавме од социјалното за невработени. Деновите ги поминував во салата за вежбање работејќи на своите вештини, а таа ми готвеше оброци полни со калории и протеини какви што ми беа потребни. Ми ги приуштуваше на скромен начин, но секогаш беше како што треба”, изјави Конор во една прилика за црнокосата убавица која секојдневно му зборувала дека се ќе пребродат заедно и дека еден ден ќе бидат најдобри на свет, што навистина се случи.  

“Немавме пари, но имавме нешто друго”, истакна Конор кој е потполно свесен што и должи на партнерката. Денес живеат во луксузна вила, се возат со скапи автомобили и патуваат по светот со приватен авион, но подобро упатените извори тврдат дека Ди останала скромна каква што била и претходно, и во потполност е посветена на семејството.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *