Предизвик на НАЈГОЛЕМИТЕ имиња од Холивуд. Борба на титани

10 мај, 2020
hopkins

Коцката е фрлена! Останува да видиме кој ќе победи. Легендарниот актер направи предизвик на платформата „Тик Ток“, а потоа ги покани своите колеги да се приклучат.

Актерот Ентони Хопкинс на своите профили на социјалните мрежи сподели видео од популарниот танцов предизвик на музиката на раперот Дрејк и ги покани Силвестер Сталоне и Арнолд Шварценегер да му се придружат во танцот.

Совршено имитирајќи го начинот на говор на неговите колеги, Хопкинс завзеде боксерски став во видеото и ги покани Сталоне и Шварценегер на борба. Не само што ги имитираше брилијантно, туку успешно изговори и реплики од филмовите „Роки“ и „Терминатор“.

Хопкинс, кој беше номиниран за Оскар оваа година за улогата на папата Бенедикт XVI во филмот „The Two Popes“, ја освои престижната награда уште во 1992 година за улогата на Ханибал Лектор во филмот „ Кога јагнињата ќе стивнат “.

Хопкинс е активен на социјалните медиуми откога започна пандемијата на коронавирусот. Неговите обожаватели се навикнаа на неговите видео снимки, а една од нив е онаа кога свири пијано, додека неговата мачка Нибло му прави друштво.