Предобро! Мобилен кампер кој се “претвора” во куќа на два спрата.

21 мај, 20200
6188698123

Со оглед на ограничената достапност на летовите во моментов, луѓето почнуваат да бараат нови начини за патување и истражување на дестинации, имајќи ги на ум препораките за социјалното дистанцирање. Во ваквиот случај, не е ни чудо зголемениот број на луѓе кои сакаат да набават кампер за своето летување.

Од друга страна, многумина не сакаат да се одалечуваат премногу од удобноста на својот дом. Но што ако можете да патувате и истовремено да уживате во своите четири ѕида?

Холандската компанија HAAKS осмисли мобилни кампери направени од висококвалитетни и издржливи материјали кои се претвораат во куќа на два спрата со димензија 400х228х252 сантиметри.

Совршено се вклопуваат и одвојуваат со Fiat Ducata, а со помош на модифицираниот модел, можете лесно да ги префлите на било кое место.

Штом еднаш го пронајдете совршеното место за кампување, со притисок на копче префрлете го мобилниот кампер на земја, а хидрауличните ногарки ќе ја фиксираат куќарката на саканата позиција.

Во внатрешноста на камперот се наоѓа кујна со мијалник за садови, индукциска плоча за готвење и мини фрижидер. Соларните плочи во комбинација со батериите овозможува работа на сите уреди. Тука се наоѓа и вградената клупа со маса на која може да ги уживате своите оброци, мини ВЦ и туш кабина со туш.

Најдобриот дел? Спалната соба е на другиот кат! Во кујната се наоѓаат скали кои водат  во горниот дел од камперот со автоматски прилагодлив кров, на кој се наоѓа душек за брачен кревет. И како шлаг на сето ова, спалната соба има и прозор кој гледа директно во небото.

Цената на мобилниот кампер со Fiat Ducata изнесува околу 130000 евра.

Како изгледаат HAAKS камперите, погледнете на фотографиите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi