Преку Google Street View дозна дека неговата сопруга го изневерува: Иако нивните лица беа заматени, ја препозна и сфати дека таа има љубовник

12 август, 2020
0-google

Изневерениот човек рекол дека ја препознал својата сопруга според облеката што често ја носела и дека нејзината фризура била впечатлива. Сопругата, наводно, признала за аферата па парот потоа се развел

Љубопитното разгледување на улицата Лима во Перу на Google Street View на еден човек му откри нешто повеќе отколку што сакаше да знае. На клупата покрај патот, видел жена како седи и еден човек како лежи со главата во нејзиниот скут.

Иако нивните лица беа заматени, со тоа што „Гугл мапс“ ја заштитува приватноста на луѓето во јавноста, тој ја препозна сопругата и сфати дека има љубовник.

Тоа е сцена снимена во 2013 година, а изневерениот човек подоцна изјави дека ја препознал сопругата по облеката што често ја носела, а нејзината фризура е впечатлива. Сопругата, наводно, ја признала аферата и парот подоцна се развел, пренесува „Мирор“.