ПРЕСРЕЌНИ ПОРАДИ ПРИНОВАТА „Никол е во третиот месец од бременоста со Бред Пит“

23 септември, 2020
profimedia-0555998797

Ова ќе биде седмото дете на Бред

Неодамнешните гласини дека Бред Пит се за заљубил во 30 години помладата германска манекенка, 27-годишната Никол Потуралски, добија ново продолжение. Имено, според американските медиуми, Никол е бремена и ќе го роди седмото дете на Бред. „Двајцата се возбудени, иако Бред на почетокот беше малку шокиран и збунет“, вели еден од блиските извори на наводната двојка.

Според некои странски медиуми, Никол е бремена три месеци и треба да се породи на пролет. „Нивната врска и однос се развија многу брзо. Бебето не беше планирано, но се случи и сега се во пресрет на исчекување. И двајцата сакаат девојче, особено Никол која веќе има син“, рекол изворот. Двојката не ги коментираше овие наводи, а многумина тврдат дека тоа се само озборувања во кои нема ништо точно.

Да потсетиме, Бред наводно ја запознал манекенката во еден ресторан во Берлин, сопственост на нејзиниот 41-годишен сопруг Роланд Мери. „Бред Пит ја запозна Никол минатата година во ресторанот Борхард, сопственост на нејзиниот сопруг Роланд. Актерот доаѓа во тој ресторан со години, а со Роланд се познава веќе подолго време. Никол му го даде својот телефонски број штом се сретнаа и тука започнаа искрите меѓу нив. Дури и некои од нивните најблиски пријатели не знаеја за тоа. Тој е воодушевен од нејзината убавина и харизма, но беше многу приватен за излегувањето и не сакаше дополнително да го наруши неговиот однос со поранешната сопруга Анџелина Џоли “, изјави неодамна извор близок на актерот.

escort - Korsan taksi