Пријателство или нешто повеќе: Кендал Џенер фатена со НБА ѕвездата

17 август, 20200
kendal

За наводната љубовна врска на риалити ѕвездата и ѕвездата на НБА, Девин Букер, почна да се шпекулира порано оваа година, откако беа видени на заеднички одмор во Аризона среде пандемијата, а овој викенд парот е забележан како ужива во популарниот ресторан Нобу во Малибу.

Kendall Jenner i Devin Booker

Иако нивната љубовна врска сè уште не е официјално потврдена за јавноста, една од денешните најплатени модели Кендал Џенер и ѕвездата на кошаркарскиот клуб Phoenix Suns веќе не се кријат.

Devin Booker
Kendall Jenner

Дежурните папарацо фотографи го забележаа дуото додека го напуштија популарниот ресторан Нобу во Малибу, каде пристигна и помладата сестра на Кендал, Кајли Џенер.

Покрај во јавноста, гласините за љубовната врска, Кендал и ѕвездата на НБА ги поттикнаа откако 23-годишниот кошаркар искоментира на една од објавените селфи фотографии на моделот.

Kendall Jenner

Пред неговата наводна љубовна врска со Кендал Џенер, Букер беше романтично поврзан со Џордин Вудс, поранешната најдобра пријателка на Кајли Џенер, која беше отпишана од кланот Кардашијан, по љубовната афера со Тристан Томпсон, кошаркар и татко на ќерката на Клои Кардашијан.

Devin Booker

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi