Приказна која ги топи срцата: Плишаното мече вратено кај сопствениците со помош на Рајан Рејнолдс.

2 август, 2020
image

Мара Сориано, девојка од Ванкувер, го вратила плишаното мече кое има посебно значење за неа заради сеќавањето на покојната мајка, а актерот Рајан Рејнолдс и помогнал во нејзиното пребарување, јави Си-Ен-Ен.

Мајката на Мара, Мерилин Сориано (53) почина на 29 јуни 2019 година по тешката битка со ракот, а непосредно пред смртта на нејзината ќерка и дала плишано мече со запишана последна порака во која и кажува дека е горда на неа и дека секогаш ќе ја сака и заштитува.

How Ryan Reynolds and Blake Lively Are Spending Their Time in ...


За време на минатонеделниот хаотичен ден, мечето беше украдено од комбе кое Мара и нејзиниот свршеник го изнајмиле. Неколку вредни предмети на Мара биле украдени. Бидејќи ЦБЦ и Си-Ен-Ен ја објавија приказната за исчезнатото мече, таа брзо се рашири на социјалните медиуми, привлекувајќи го вниманието на актерот Рајан Рејнолдс, кој понуди награда од пет илјади долари на секој што ќе го најде и и го врати споменот на Мари за нејзината мајка. Во акцијата беа вклучени и Ден Леви и Зак Браф, а канадскиот ТВ-презентер Џорџ Струмбопулос и компанијата „Крафт путер од кикирики“ понудија уште пет илјади долари на чесен пронаоѓач, така што наградата достигна сума од 15 илјади долари. Мара Сориано во средата твитна дека „непознати добри луѓе ја вратиле мечката кај неа без ниту една гребнатина“ и дека „говорната порака е неповредена“.

Ryan Reynolds Talks About Being Home With All Women - Simplemost


„Ова ми значи многу“, напиша Сориано. “Мислев дека нема да го видам повторно. Ова е голем град и мечката можеше да биде на многу различни места … Потрагата беше како да се обидам да пронајдам игла во сено. Сега кога го вратив, се чувствувам подобро. Секој поглед на него ме потсетува дека мајка ми секогаш ќе биде со мене “.