Приказна за Софија Лорен една од најубавите жени, но зад насмевката се крие тага никогаш не го прежали Карл

16 мај, 20200
187307_profimedia0205266736_ff

Софија Лорен е родена во Рим на 15.05.1934 година. Со светската слава се стекна во 60-тите, но стана позната откако доби Оскар за улогата во драмата “Lа Ciociara” и стана првиот добитник на Оскар надвор од англиското говорно подрачје.

Исклучителната убавина за прв пат била забележана додека таа била уште девојка. Со само 14 години Софија победила на локалнитот натпревар за убавина, но две години подоцна на натпреварот за Мис на Италија ја освои титулата на “Мис Eleganza”. Интересно е дека пред да учествува на натпреварот за убавина Софија имаше прекарот “чепкалка за заби”, бидејќи таа била многу тенка, но исто така и повлечена.

Како 23-годишна прв ја забележал 22 години постариот продуцент Карло Понти, а нивната љубовна приказна е една од оние од кои што може да се направи филм. Заедно, тие се соочиле со бројни проблеми бидејќи Понти во тоа време бил оженет и имаал две деца. На вечна љубов се заколнале во Мексико, бидејќи во Италија развод тогаш бил забранет. Поради тоа Понти бил обвинет за бигамија, но неговите чувства за младите Софија илеа толку силни што тој одлучи да го промени државјанството само за да бидат во можност да уживаат во заедничката љубов. Во брак поминале 41 години, а по смртта на Понти актерка никогаш не се премажи.

Покрај нејзиниот неприкосновен талент и изглед, дивата вниманието на јавноста го привлекуваше и нејзиниот имиџ на femme fatale поради што многу бракови биле разнишувани. Со нејзината извонредна убавина таа ги пленила бројни актери со кои соработувала. За време на снимањето на “Гордост и страст”, Кери Грант толку многу се заљубил во неа, што ја молел да се разведе од Понти и се омажи за него, а на нејзината убавина не можел да одолее и Питер Селерс кој бил подготвен да се разведе од својата сопруга.

Иако на прв поглед се чини дека нејзиниот живот е мед и млеко, тоа е далеку од вистината. Во 1982 година завршила во затвор за даночно затајување, но поминала зад решетки само17 дена. Но, проблемите тука не завршиле. За време на снимањето на филмот “Легендата на изгубените” со Џон Вејн и Росан Браци Лорен актерката се отрула со гас, а благодарение на брзата реакција на Росан ја спасила од сигурна смрт.

Животот не и е кревет од рози, во желбата да започне семејството имала два спонтани абортуси. И покрај компликациите, на крајот, таа станала горда мајка на два сина. Нејзиниот живот го користи како инспирација за дневникот кој редовно го води. Но, на крајот од секоја година актерката го пали нејзиниот дневник со спомени, бидејќи, како што вели таа, некои работи сака да ги задржи за себе

Неодамна се посвети на својата друга голема љубов – готвење и пишување готвачи, а минатата година се врати и на сцената со својот проект “Една вечер со Софија Loren“ во кој ги открива најважните моменти од приватниот и професионалниот живот.Освен Оскар, има освоено и 5 Златни глобуси и тоа четири пати за најпопуларните женски ѕвезда и една за посебен придонес во кинографијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi