Приказната за ексцентричен милионер кој веќе 23 години живее на изолиран остров
Тој реши да преживее јадејќи природна храна. Повеќето од неговата исхрана се состои од риби и морски плодови што самиот ги лови. Исто така, собира кокос, бадеми и јагоди за јадење.
Дејвид Глашен е наречен Австралискиот Робинзон Крусо, но исто така и копија на Чак Ноланд и Том Хенкс во филмот „Бродолом на животот“. Г-дин Глашеин се знае дека повеќе од две децении живее сам на изолран остров.
Во осумдесеттите години на минатиот век, овој Австралиец направи милиони како трговец на акции и живееше луксузен живот со својата сопруга и двете деца во Сиднеј. И тогаш тој ги загуби повеќето од парите на берзата, се разведе со жената и одлучи да „исчезна од радарот“
Со еден куфер, тој се пресели во ненаселениот остров Restoration во североисточна Австралија во 1997 година. Имал само три маички, два пара шорцеви и облека за пливање, неколку книги, тегла чили во прав, паста и четка за заби.
Тој решил да преживее јадејќи природна храна. Повеќето од неговата исхрана се состои од риби и морски плодови што самиот ги лови. Исто така собира кокос, локални сливи, бадеми, јагоди и слично. Тој пие дождовница и прави свое пиво.
Дејвид Глашејн ја напушта изолацијата еднаш годишно кога оди со брод до Карнс за голема набавка. Таму се обезбедува и со конзервирана и сушена храна, сапун, тоалетна хартија и други средства за хигиена.
Некои алкохолни пијалоци се исто така на списокот во случај на посети на заинтересирани новинари кои сакаат да го интервјуираат.
Необичната приказна на Глашин е позната низ целиот свет.
Поранешниот милионер, всушност, се заљуби во островот Restoration прв пат кога го виде во раните 90-ти. Тој и неговиот деловен партнер тогаш изнајмиле дел од островот за 13.000 фунти за период од 43 години. Според договорот со австралиската влада, од Глашејн и партнерот се бараше да обезбедат сместување и риболов на островот за туристички цели. Но бидејќи никогаш не го сторија тоа, потпишаниот договор стана неважечки.
Австралиецот Робинсон Крусо нема страв за својата иднина. Тој тврди дека живее мирен и исполнет живот. Тој има соларни панели кои произведуваат доволно енергија за најбитните потреби, како и напојување на компјутери со пристап до интернет.
Поточно, Дејвид трага по веб-страницата за пронајдување на својата сродна душа за да сподели парче тропски рај со неа. Додека не ја најде „вистинската“, друштво му прават две кукли, кои ги именуваше Миранда и Филис.