Принц Хари и Меган Маркл започнуваат нов бизнис: Во прашање се милиони!

26 јуни, 20200
h1111-620x330

Принцот Хари (35) и неговата сопруга Меган Маркл (38) очигледно се подготвуваат да заработат пари преку оддржување говори, бидејќи тие потпишале договор со компанија која организира настапи на славни личности, вклучително и поранешни претседатели на САД.
Двојката ќе ја претставува њујоршката компанија Хари Вокер, која исто така ангажираше луѓе, како што се поранешни претседателски парови, Барак и Мишел Обама, Бил и Хилари Клинтон и телевизиската sвезда Опра Винфри.


Овој потег е еден од првите големи чекори што ги презедоа војводата и војвотката од Сасекс во однос на финансиската независност, откако во јануари објавија дека имаат намера да се разделат од британското кралско семејство и да станат независни, а дел од животот да го поминат во Северна Америка. Тие моментално живеат во Лос Анџелес со нивниот едногодишен син Арчи.


Во своите говори, парот ќе се осврне на прашања како што се расната неправда, родовата еднаквост, заштитата на животната средина и менталното здравје, што е важна тема за Хари, за која зборуваше додека ги сподели со јавноста тешкотиите во надминување на загубата на мајка си, принцезата Дајана. Тие ќе одржат говори заедно и индивидуално, велат луѓе запознаени со нивните планови. Говорењето е важен извор на приход за славните, бидејќи најпознатите имиња можат да заработат сто илјади долари по настап.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi