Принцезата Шарлот ќе го прослави петтиот роденден со видеоповик од Кралицата!

28 април, 2020
шарлот

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон организираат видеоповик за да може следната сабота принцезата Шарлот да го прослави својот петти роденден со семејството и пријателите, а притоа да се придржуваат до мерките за физичка дистанца.

Вилијам, Кејт и нивните три деца се во изолација во Норфолк, но ќе се потрудат да и направат роденденска забава на Шарлот и покрај околностите.

Вилата Анмер Хол во која сега престојува семејството е свадбен подарок на Вилијам и Кејт. Семејството може да ужива во пикници и долги прошетки, а и понатаму да биде во изолација.

– Прабабата ќе се вклучи во забавата за големиот ден на Шарлот- открил извор близок до кралското семејство.

Кралицата Елизабета со својот сопруг престојува во дворецоцт Виндзор. Војводата од Единбург, 98 годишниот Филип е многу приврзан за малата Шарлот, па и тој ќе се приклучи во видеоповикот.